Јуфкијада во Горни Подлог
Во организација на Федерацијата на фармери денеска во дворот на манастирот „Свети Јован“ во Горни Подлог, Кочанско, се одржа 6. Јуфкијада.
На манифестацијата поддржана од земјоделскста задруга „Агроподлог“ и месната заедница, се исукаа преку 500 кори кои ќе бидат откупени по симболична цена, а средствата ќе бидат наменети за дневните центри за деца со посебни потреби.
- Целта на манифестацијата која и годинава има хуманитарен карактер, е да ги собере на едно место жените од руралните средини низ Македонија. На денешната јуфкијада учествуваат 50 жени од сите региони. Се натпреваруваат во сукање кори, изјави претстедателот на ФФРМ Никола Стаменов.
Според Ружа Стојмилова од Горни Подлог, покрај сукањето јуфки, идејата е и дружење, разменување искуства за работата на село и за животот на жената во рурална средина.
Ново на Сител
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот