"Јубилејниот 300-ти натпревар нема да го одиграм“ – Голманот на Чапокоензе требало да патува со екипата, но останал дома
Еден од најпопуларните играчи на Чапокоензе, 42-годишниот голман Нивалдо вчера соопштил дека моментално се повлекува од фудбалот и оди во пензија по трагичната авионска несреќа во која загинаа 20 негови соиграчи и членовите на стручниот штаб на клубот.
Тој бил член на клубот од 2006 година и требало да го одигра својот 300. натпревар за клубот во последното коло од домашното бразилско првенство против Атлетико Минеиро. Токму затоа тој останал дома и не патувал со тимот во Колумбија, за јубелијниот 300 натпревар во кариерата да го одигра пред навивачите на домашен терен.
Сепак, тој последен натпревар нема да го одигра.
– Требаше да патувам со екипата, но останав. За се во животот постои некоја причина. Не патував со нив ниту во Палмериас, затоа што тие не се вратија дома, туку тргнаа право за Колумбија. Тренерот ми рече дека е подобро да останам, а јас немав никаков проблем со одлуката. Ете, за жал се случи таа несреќа, а јас повеќе немам сила да се појавам на зелениот терен, изјавил Нивалдо за бразилските новинари.
Ново на Сител
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
-

Пратениците ќе ги разгледуваат амандманите поднесени на Предлог законот за Советот на јавни обвинители
-

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
