Јубилеен број на списанието „Македонски архивист“

Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ) неодамна го објави 20-тиот број на списанието „Македонски архивист“.
- Списанието содржи пригодни текстови за новиот објект на ДАРМ, за организациската поставеност на институцијата, за дејноста на секторите и на одделенијата, за новите трендови - како дигитализацијата и објавувањето содржини на Википедија, за манифестацијата „Отворен ден на архивите“, како и за годинашните изложби на Архивот. Издаинието изобилува со фотографии и факсимили во боја, информира Архивот.
Од следниот број списанието ќе содржи научни трудови од областа на архивистика и историјата. Списанието е наменето за стручните лица, за наставниот кадар и за студентите по архивистика, како и за сите заинтересирани за оваа дејност.
Ново на Сител
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
