-->
-->
ЈСП воведува автобуси за превоз на волонтерите до поплавените подрачја
-->

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот.
Автобусите ќе поаѓаат од следните локации:
- Ѓорче Петров - пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош - спроти Сити Мол, продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.
- Кисела Вода - пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром - на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка.
- Бутел - пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка е Обилконица (Пункт накај Стајковци).
Последното враќање е во 19:00, соопштија од ЈСП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
