Македонија
21. јуни 2021 - 13:16

ЈСП: Ученичките билети за бесплатен превоз нема да важат за време на летниот распуст

Ученичките билети за бесплатен превоз нема да важат за време на летниот распуст, соопшти ЈСП.

-Основците/средношколците (не важи за матурантите) можат да купат месечен билет по повластена цена, односно 600 денари чини месечен билет за јули или август, наведува ЈСП.

ЈСП потсетува дека билетот важи за сите линии, градски и приградски.