ЈСП „Скопје“: Автобусите сообраќаат редовно и без застој, повеќе нема финансиски проблеми

Автобусите на ЈСП „Скопје“ редовно и без застој сообраќаат на линиите. Рано изутринава тие ги напуштија авто-базите, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
- Град Скопје и ЈСП уште еднаш докажаа дека нема да дозволат политичките интриги да го блокираат нормалното функционирање на главниот град. Уште еднаш се покажа кој работи против интересите на граѓаните, но и против интересите на вработените во ЈСП обидувајќи се безпотребно да создаде хајка и тензија во ЈСП со цел граѓаните да останат без автобуски превоз, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Благодарение на субвенциите од Град Скопје, како што се наведува, ЈСП повеќе нема финансиски проблеми, нема никакви пречки во своето работење, а платите и обврските на претпријатието се исплаќаат благовремено и во законскиот рок.
- Град Скопје уште еднаш покажа дека нема да дозволи никој да ја блокира работата на јавните претпријатија и да им наштети на интересите на граѓаните. Уште еднаш на виделина се покажа кој работи против интересите на граѓаните, а кој во негов интерес, јасно е дека одредени структури во градот сакаат политички да се пресметуваат со градската администрација и вработените во ЈСП, а на штета на граѓаните, стои во соопштението од ЈСП „Скопје“.
Ново на Сител
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
