-->
-->
ЈСП: Јавниот превоз блокиран, поради анонимна дојава за бомба
-->
Ве информираме дека од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.
Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.
Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР.
ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување вешто лице на одбраната
-

Хакерски напади врз системите за ладење и во италијанските супермаркети и прехранбените компании
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Euronews
-

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
-

Санчез: Со Шпанија не се управува од Вашингтон, Тел Авив или Москва
-

Апел за помош: Да му помогнеме на Стефан, татко на едногодишно дете и полицаец кој се бори со тешка повреда
-

Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
-

Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во кикбокс: Над 1.000 натпреварувачи од 41 држава, Македонија ќе атакува на четири медали
