-->
-->
ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-->

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје, и предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје.
ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот превоз на патници во Град Скопје.
Ги повикуваме граѓаните, особено корисниците на јавниот превоз во Град Скопје, со резерва да ги прифаќаат непроверените информации изнесени во јавноста.
ЈСП Скопје останува посветено на обезбедување сигурен, редовен и достоен јавен превоз за сите граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
