ЈП Водовод и канализација – Скопје ги зголемува платите на вработените
Имајќи ги во предвид предизвиците поврзани со сериозноста на економската положба во која се наоѓаат граѓаните, деликатните процеси со ценовните пазарни шокови и актуелната инфлација, состојби од кои не се исклучени и вработените во ЈП Водовод и канализација, Директорот на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, ќе предложи до Управниот добро на претпријатието да се пристапи кон линерно покачување на платите на сите вработени во ЈП Водовод и канализација.
Ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2,806 денари. Ова е прво вакво зголоемување на платите по 13 годишна нивна стагнација.
Ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои соочува Јавното Прептријатие, наследнетите финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП Водовод и канализација. Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124,316,964 денари, Општина Зелениково 41,320,352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашииот приоритет.
Ново на Сител
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
