ЈП „Стрежево“-Битола со непроменети цени на услугите за сите водокорисници

Менаџментот на Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола донесе одлука да не ги менува цените на услугите за сите водокорисници и од двата сектора, јавен и приватен во кој најголем дел се индивидуални водокорисници, односно земјоделци.
Според генералниот директор на ЈП „Стрежево“-Битола, Методија Граматковски, ваквата одлука е во функција на водокорисниците, а се должи на поефикасната наплата и реализација на договорите, зголемената доверба кај корисниците и амбиентот кој што го создал новиот менаџерски тим кој води кон враќање на некогашниот имиџ на претпријатието.
- Сите водокорисници кои што ќе користат вода од акумулацијата „Стрежево“ за наводнување на своите земјоделски култури ќе потпишат договор со кој се гарантира цената на услугата, која е иста и непроменета. Подготвени ја дочекавме сезоната за наводнување, главниот канал е сервисиран, а свлечиштето санирано што значи без проблем ќе им овозможиме на сите водокорисници да користат вода во максимални колични. Регистриравме рекордна година на собрана вода на акумулацијата која во моментов изнесува 105 милиони кубни метри вода, а тоа се должи на рационално трошење и планско испуштање на водите од вештачката акумулација, нагласи Граматковски
Граматковски на денешната прес-конференција во претпријатието, потсети на реализираните активности на новиот менаџерски тим кој, како што рече, ги намалил непродуктивни трошоци за 8 милиони денари и обновени се цевководи кои подолго време биле неупотребливи.
- Во овој период ја подобривме наплатата, но и деловните релации со нашите најголеми водокорисници како што се Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, РЕК Битола и ЈП „Водовод“-Битола. Во овој период и на задоволство на спортските риболовци, извршивме порибување на акумулацијата со речна пастрмка и крап, а на кус рок планираме изградба на централа со моќност од 500 киловати, која за производство на електрична енергија ќе користи сончева енергија. Изградбата на централата ќе биде исклучиво со средства на претпријатието, односно без грантови или кредити. Во овој момент нашите хидроцентрали работаат со полн капацитет, а произведената електрична енергија ја испорачуваме во електроенергетскиот систем и со добра пазарна цена, зголемена за 38 отсто, односно цена повисока од лани и тоа ни овозможува да имаме зголемен приход во претпријатието, појасни Граматковски.
Од ЈП „Стрежево“-Битола информираа дека ќе продолжат да инвестираат во функционалноста на ски-лифтовите и ски-патеката во Нижо Поле.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
