ЈП „Стипион“ го презеде одржувањето на уличното осветлување во Штип

Штипското јавно претпријатие „Стипион“ почна со одржувањето на уличното осветлување во Штип и руалните средини. Акцијата за промена на уличните светилки почна во населбата Железничка, каде е завршена замена на уличните светилки, а денеска се одвива во централното градско подрачје.
Директорот на ЈП „Стипион“ Игне Иванов на денешната прес-конференција рече дека со одлука на Советот на општина Штип од оваа година како јавно претпријатие ја преземаат оваа дејност. За успешно реализирање на активностите и на промената на уличните светилки општина Штип набави и возило, со кое на екипите им се олеснува работата, а граѓаните на Штип ќе имаат осветлени улици.
- Интензивно ќе работиме. Возилото е наше и веќе нема да чекаме секој втор или трет ден да доаѓа екипа од Струмица за да ни ги прави овие интервенции. Сакаме најпрвин да го осветлиме нашиот град, а онаму каде што имаме реакции од граѓани да ги санираме, рече Иванов.
Тој истакна дека во наредните две недели екипите интензивно ќе работат на терен за да се интервенира во сите населби, каде има проблеми со уличното осветлување. Откако ќе завршат овие интервенции, екипте на ЈП „Стипион“ ќе почнат и монтажа на штедливи светилки со цел да се заштеди електрична енергија.
Ново на Сител
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
