ЈП „Комуналец“ Крива Паланка уредува повеќе локации во градот

Вработените од секторот „Паркови и зеленило“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка уредуваат повеќе локации во централното градско подрачје.
Во центарот на Крива Паланка се уредуваат јавните површини, околу градскиот парк, каде се поставени нови клупи, а се гради и „мрзлива река“ со декоративен водопад.
- Периодов активно се работи на сите зелени јавни површини, кои покрај што ги косиме, се моделираат и декорираат во потребната форма. Изработуваме и декоративни фонтани, една е изградена на влезот во градот, кај клучката со магистралниот пат М2. Во моментот се работи на „мрзливата река“ која истекува низ канал од постојната реставрирана стара градска фонтана во паркот и во вид на водопад ќе дотекува во кејот на Крива Река, завршувајќи во вештачкото езерце кое го оформувааме, истакна раководителот на секорот „Паркови и зеленило“ Драги Пејчиновски.
Во постојниот погон за механизација на претпријатието се изработени и клупи кои освен во градскиот парк се поставуваат и на повеќе локации во општината.
- Клупите ги изработуваат нашите вработени, а наменети се за уредување паркови и хортикултурно уредени површини во градот. Се работи на уредување на земјените површини во делот од кејот по левата страна од течението на Крива Река. Ќе бидат посеани со трева, а подоцна ќе се сади и цвеќе. На овој потег долж новоизградената пешачка патека ќе бидат поставени клупи, додаде Пејчиновски.
Тој додаде дека екипи на ЈП „Комуналец“ тековно го одржуваат и делот од македонската страна на граничниот премин со Бугарија, Деве Баир.
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
