-->
-->
ЈП Комуналец-Крива Паланка набави нови контејнери и канти за смет за домаќинства
-->
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка набави нови десет контејнери за смет што се поставени на различни локации на територијата на општината, информираат од претпријатието.
-Во изминатиот период на подрачјето на градскиот и приградски реон поставени се десет нови контејнери, додека старите се сервисираат и оспособуваат за повторно користење. Набавени се и нови канти за смет за домаќинства кои граѓаните можат да ги набават по цена од 960 денари, изјави директорот на ЈП „Комуналец“ Миле Марковски.
Информира дека променет е и режимот на собирање смет на подрачјето на општината.
– Собирањето смет на главната улица се спроведува во ноќните часови, додека преку ден се врши интервенција по потреба. Нема никаков застој во собирање смет во градот и истото се врши редовно и ажурност, рече Марковски.
Апелира граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не фрлаат несоодветен шут во контејнерите.
-Поради несовесно одлагање отпад, земја, градежни материјали и шут во контејнерите, често се случуваат дефекти на возилата за собирање смет. Поради тоа, во периодот на санација на возилата,која одзема финансии и време, доаѓа до не редовно вршење на дејноста, потенцира Марковски.
Возниот парк со кој располага ЈП „Комуналец” е застарен, возилата се стари повеќе од две децении и одговорните ја нагласија потребата од набавка на нови возило, потенцирајќи дека за решавање на проблемот аплицирано е до Јапонската амбасада за донација на возило за смет, но се уште нема повратна информација.
Тековно, претпријатието распиша тендер за набавка на нови дигитални водомери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар