ЈП „Чистота и зеленило“ воведе телефонска линија за пријавување поплаки во работењето

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ воведе телефонска линија на која кумановци и правните субјекти ќе можат да пријават пропусти во работењето на комуналното претпријатие, соопштија денеска надлежните. Граѓаните можат да пријават на телефонскиот број 072/314-502 и да ги информираат тимовите за какви било итни интервенции, дополнителни потреби и услуги кои ги нуди претпријатието во редовното работење.
-Ние како ЈП сме надлежни за чистење на јавно прометните површини, уредување на зелени површини и изнесување на комунален смет од домаќинства и правни лица. Но, се случува поради објективни причини, дефекти на камионите да не сме во можност во целост, на дневно ниво да го исполниме динамичниот план. Граѓаните имаат поплаки дека во одреден ден не е изнесен сметот, бараат да се изнесе и градежен шут, трева гранки и друг вид некомунален смет за кој ние не сме надлежни, изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.
Затоа, појасни, воведена е оваа телефонска линија на која граѓаните и правните лица ќе добијат информации како одредени проблеми можат да се надаминат. За да се изнесе градежен шут и друг некомунален отпад, претпријатието праќа друго возило, а не камионите кои можат да се расипат при скалдирање на некомунален смет и за таа намена заинтересираните за еден кубик треба да платат 1.800 денари.
ЈП „Чистота и зеленило“ располага со 15 камиони, а од претпријатието најавуваат дека работат да обезбедат дополнителна механизација за изнесување на комуналниот смет. Дневно се изнесуваат од 120 до 140 тони смет.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
