-->
-->
Јовиќ: Мораме да излеземе од резултатската и играчка криза
-->
Ракометарите на Металург ги очекува нов меч, овојпат во СЕХА лига против Татран Прешов.
Тимот од Автокоманда, кој оддамна ги загуби шансите за прогрес во следната рунда од Лигата на шампионите, сега ќе може да им се посвети на регионалните натпревари.
Металург е во лоша низа од шест порази на дуелите во елитното натпреварување, но и во СЕХА конкуренцијата, па евидентно е дека се наоѓа во криза, истакна на денешната прес-конференција тренерот Александар Јовиќ.
„Очигледно е дека сме среде резултатска криза и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата и се надевам дека со утрешниот натпревар ќе излеземе од таа криза. Од ова полошо не може да биде и искрено се надевам дека, покрај од резултатската, ќе излеземе и од играчката криза. Секој од играчите мора да даде својот максимум. Ќе се обидам да им дадам шанса на сите играчи, па ќе видиме каков ќе биде нивниот учинок. Некои од играчите свесно се форсирани за да напредуваат, но тие не го покажуваат тоа што се бара од нив, па затоа за утрешниот натпревар ќе има измени во составот“, изјави Јовиќ.
Последната победа Металург ја оствари на гостински терен кај Чеховски Медведи, а последната радост пак пред своите симпатизери ја имаа 30 септември во дуелот против Спортинг Лисабон.
„Кaко што кажа тренерот, должни сме на самите себе, но и на публиката. Ќе дадеме се од себе, за да ја оправдаме довербата на клубот и на нашите навивачи“, изјави младиот Костадин Петров.
Задачата нема да биде лесна бидеќи Металург кој има само две победи и дури пет порази во СЕХА конкуренцијата ќе игра против второпласираната екипа на табелата.
Мечот меѓу Металург и Татран Прешов ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ почеток од 20.45 часот, додека во терминот од 19 часот ќе започне дуелот меѓу Нексе и Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција