Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции
Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.
Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.
За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-

Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО
-

Најстудено утрово во Берово, 58 сантиметри снег на Попова Шапка
-

САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море
-

Во Струшко изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци, приведено едно лице, а одземено е и едно возило
-

Вооружен маж е убиен откако со возило влетал во синагога во Вест Блумфилд, во околината на Детроит
-

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска
-

Мицкоски во Кочани на почеток на изградба на две улици и на увид на градежни активности
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
