Јовески за Сител: ЈОРМ има капацитет и соодветен кадар за случаите на СЈО
Надлежните обвнителства без конкретен одговор кога и на кој начин предметите на СЈО ќе се префрлаат во јавното обвинителство. Првиот човек на државното обвинителство за Сител вели дека не очекува никакви пречки од специјалните обвинители. Јовески е убеден дека неговата институција има соодветен кадар и капацитет да ги води предметите на СЈО.
Примопредавањето ќе се врши предмет по предмет. Не очекувам процесот да трае долго, а обвинителството има капацитет да ги превземе и да постапува соодветно по предметите, вели Јовески.
СЈО пак се уште го чека официјалното барање од ЈОРМ. Дали ќе ги предадат сите предметити кои се во судска постапка, во истрага и во предистрага како што побара државното обвинитеслтво е одлука која заеднички ќе ја носат сите специјални обвнители, најверојатно во текот на идната недела.
Откако Јавното обвинителство вчера го прифати барањето на притворената Катица Јанева да ги превземе предметите на СЈО, неизвесно останува како Кривичниот суд ќе ги води процесите кои се веќе во тек, а рочишта се закажани речиси секој ден до крајот на септември. Судот досега ги одбиваше барањата на адвокатите за прекинување на постапките поради притворот на Катица Јанева, се до целосно разрешување на истрагата Рекет, но префрлањето на надлежноста и евентуалната промена на обвнителите кои ги застапуваат предметите на СЈО може да доведе до одолговлекување на процесите.
СЈО во законскиот рок процесираше 20 предмети од кои 15 се сеуште без судска развршница. По јуни 2017та обвинителството отвори и 15тина истраги, а води и над 50 предистражни постапки.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар