Фудбал
8. March 2016 - 12:12

Јовчев во тренерскиот состав на репрезентацијата

Поранешниот репрезентативен чувар на мрежата Гого Јовчев ќе биде дел од стручниот штаб на најдобрата репрезентација на Македонија.
 
Со назначувањето на поранешниот голман на Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Шкендија се затвора кругот помошници на Игор Ангеловски во А репрезентацијата.
 
Во репрезентацијата на Македонија помошници на селекторот Игор Ангеловски се поранешниот репрезентативец Арѓент Бекири и Иван Јовановски - Карас, задолжен за кондициската подготвеност на играчите.
Jовчев по вторпат е дел од националниот тим. Порано беше дел од Стручниот штаб на селекторот Мирсад Јонуз како тренер на голманите.