Јовановска Типко: Развојот на добрите односи со соседите е трајно определување

Трајно определување на Македонија е развој на добрите односи со сите соседи, изјави вечерва македонската амбасадорка во Србија, Вера Јовановска Типко на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија.
- Тие добри односи не подразбираат илузија за некоја идилична атмосфера, туку односи во кои отворените прашања се решаваат преку искрен дијалог, взаемно почитување и меѓусебна доверба, истакна амбасадорката.
- Токму кон такви односи стремиме со пријателска Србија, со која не поврзуваат многу елементи од минатото, сегашноста и иднината, а најмногу човечките релации и взаемните симпатии кои се трајна вредност и поттик за континуирано подобрување на односите, порача Јовановска Типко.
Таа нагласи дека „Македонија денеска го прославува својот 26-ти роденден под глобалното небо прекриено со темни политички облаци, во подрачје каде што и најмал политички потрес може да предизвика разорно цунами и за момент да го збрише она што со години и децении макотрпно го градиме“.
Јовановска Типко порача дека „Македонија одлично чекори кон зацртаната цел, целосно свесна дека патот кон евроатланските интеграции е поплочен со тешки одлуки, визионерски постапки и тешки предизвици, но тоа е пат кој нема алтернатива“.
На денешниот прием присуствуваа српската премиерка Ана Брнабиќ, претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ, претставници на дипломатскиот кор, како и од јавниот и културниот живот на Србија.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
