Тенис
7. August 2015 - 10:35

Јотовски запрен во второто коло

Иако важеше за фаворит како втор носител на фјучрсот во Тунис македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да ја мине втората пречка - домашниот играч Анис Горбел.

Јотовски го загуби мечот со 2:1 во сетови (7:5; 3:6 и 6:2).
По добриот почеток на дуелот противникот и водството, противникот го доби првиот сет со 7:5. Во вториот сет Јотовски губеше со 3:2, но со серија од четири гема го доби сетот и се избори за решавачкиот сет.
Во неколку наварти во третиот сет домашниот тенисер доби помош од судиите што беше една од пречките Јотовски да оствари триумф. Мечот траеше три часа и 12 минути што беше најдолг за Јотовски, иако и претходните два ги играше во три сета и по три часа.
Во текот на мечот мечот Јотовски имаше 8 брејка од 12 можности, а противникот 10 од 20.
За пласманот во 2.коло Јотовски ќе освои 1 бод.