Тенис
26. October 2017 - 10:25

Јотовски во четвртфиналето во двојки на фјучрс во Италија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во четвртфиналето во игра на двојки на фјучрсот во Италија (награден фонд 25.000 долари).
Тој заедно со Ерик Крепалди од Италија доцна синоќа во мечот од 1.коло ги победија Италијанците Андреас Крилети и Андреа Гуерирери со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1).
Попладнево во четвртфиналето ќе играат против Раул Бранкацио (Италија) и Драгош Мадарас (Шведска).
Во мечот во сингл конкуренција Јотовски загуби во првото коло од Андреа Вавасори од Италија. 
Турнирот се игра во Санта маргерита ди Пула.