-->
-->
Јотовски тргна со победа во Добој
-->

Од македонските тенисери кои се појавија на стартот од фјучрсот во Добој победа во првото коло постигна само Томислав Јотовски. Тој денеска во два сета го победи Мислав Бошњак од Австралија со 2-0 (6:4 и 6:2 во гемови). Од другите македонски тенисери порази во првото коло вчера претрпеа Горазд Србљак и Стефан Мицов.
Но, тие двајцата во конкуренција на двојки денеска постигнаа победа од 2-0 во сетови (6:0 и 6:3) над Британецот Џое Купер и Американецот Мет Сибергер.
Јотовски утре во 2.коло ќе игра против седмиот носител Лукас Гомез од Мексико. Мечеви во конкуренција на двојки ќе играат и Јотовски, кој настапува со Милан Радојковиќ, како и Мицов и Србљак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности
-

Предложен притвор за дилер на хероин
-

Реал на врвот на ранг-листата на клубови со највисоки приходи трета година по ред
-

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
-

Нова железничка несреќа во Шпанија: воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица
-

Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
