Тенис
30. January 2017 - 15:42

Јотовски со скок од 11 места, Мареј прв пред Ѓоковиќ

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски направи скок на ранг листата објавена по завршувањето на Австралија Опен. Јотовски претходните недели настапуваше на фјучрси во САД и сега со 25 поени се наоѓа на 774 место што е скок за 11 места во однос на претходниот ранг. Од другите македонски играчи Димитар Грабул се наоѓа на 1.006 место со 11 поени, Горазд Србљак е 1.202 место со 6 поени, а по еден поен имаат Бојан Јанкуловски (1.654 место) и Стефан Мицов (2.057 место).

Во конкуренција на двојки Јотовски има пад од 44 места се наоѓа на 678 место, Предраг Русевски е на 1.383 место (10 поени), а Мицов е на 1.667 место (6 поени).
На врвот во топ 10 се наоѓаат: Енди Мареј 11.540 поени, Новак Ѓоковиќ 9.825, Стан Вавринка, Милош Раониќ, Кеи Нишикори, Рафаел Надал, Марин Чилиќ, Доминик Тием, Гаел Монфис и победникот на Австралија Опен Рожер Федерер.