-->
-->
Јотовски со одлични спомени од грузискиот град Телави
-->

Три недели најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше учесник на три фјучрс турнири во Грузија, а на трите успеа да освои вкупно 26 поени, повеќе отколку што имаше пред настапот на првиот (23).
Јотовски со триумф го заврши настапот на вториот турнир (прва сингл титула во кариерата) за кои на следното рангирање (во понедленик) треба да му бидат впишани 18 поени, како и нови 6 за полуфиналето на последниот фјучрс во Телави.
Во изјава за СИТЕЛ пред заминувањето за Грузија (иако имаше дилема дали да оди на овие тунрири или на други) Јотовски напомена дека очекува до крајот на годината да направи скок од околу 150 места на АТП листата. Но, реалната ситуација сега може да му овозможи и поголем напредок. До крајот на годината Јотовски ќе треба да брани само осум поени, што значи дека ако продолжи со ваков напредок може за многу да го подобри својот пласман.
Сите овие резултати како и претходните сезони Јотовски (како и другите македонски тенисери ги постигнуваат на товар на своите семејства кои најчесто ги покриваат сите финасиски трошоци на своите деца - тенсиери), а најчесто патуваат и настапуваат сами, без тренер, лекар,... Присуството на тренер на кој било турнир, па и на подготовки е од голема важност.
Јотовски веќе на утрешното рангирање - ново, може да има скок од 150 места бидејќи тенисерите кои имаат 43 поени се наоѓаат од 617 до 621 место.
Успешниот настап на Јотовски во Грузија може да биде надополнет и со фактот што на двата турнира на кои беше елиминиран, неговите противници победија - на првиот Шпанецот Гиљермо Оласо (го совлада Јотовски во четвртфинале) и Кирил Киватцев од Русија (го победи Јотовски во полуфинале).
Успесите на Јотовски секако ќе бидат добредојдени и за поголема посетеност на фјучрс турнирите што од 24.јули 6.август (два турнира) ќе се играат на терените на „Теннис парк“ во Скопје во склоп на СЦ „Јане Сандански“. Токму Јотовски ќе биде и предводникот на македонските тенисери кои ќе настапат на овие тунрири.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
