Тенис
31. July 2015 - 14:29

Јотовски полуфиналист на фјучрсот во Тунис

Македонски тенисер Томислав Јотовски избори пласман во полуфиналето на фјучрсот во Тунис по триумфот над Чилеанецот Рикардо Уруза-Ривера со 2:0 во сетови. Јотовски сетовите ги доби со 6:4 во гемови. Во првиот сет Јотовски на стартот направи брејк, но ривалот успеа да го врати брејкот за 4:4, но Јотовски ги доби следните два гема. И во вториот сет беше слична ситуацијата со тоа што противникот водеше во сетот, а Јотовски повторно беше подобар со 6:4 и во овој сет имаше само еден брејк токму на нашиот тенисер, кој на турнирот игра како втор носител.
Македонскиот дејвис куп репрезентативец на турнирот настапува по учеството на Дејвис купот и забележа три победи, иако мечевите ги игра со повреда на раката добиена за време на настапот во Дејвис купот.
Противник во полуфиналето ќе му биде поуспешниот од дуелот Моез Ечаруги и Хишам Кадари.