-->
-->
Јотовски на чекор до главниот турнир во Тунис
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски постигна две победи во квалификациите на фјучрсот во Тунис и со уште еден триумф ќе успее да влезе на главниот турнир. Јотовски во првото коло вчера го победи Едуардо Перлата Тело од Мексико со 6-2 и 6-0, а денеска беше подобар од Марвин Спирин од Бразил со 6-0 и 6-4.
Утре во решавачкиот меч за пласман на главниот турнир ќе игра против Лион Пере од Швајцарија (992.место АТП).
На турнирот во првото коло од квалификациите настапи и Шендрит Деари и беше поразен од Лу Ше од Франција со 4-6; 6-3 и 6-4 во гемови.
Настапот на овој турнир за македонските тенисери претставува подготовка за настапот од Дејвис купот. Македонија во ова натпреварување ќе игра во бугарскиот град Созопол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите