Тенис
2. јуни 2016 - 22:45

Јотовски го заврши настапот во Сараево

Најдобриот македонски тенсиер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Сараево откако во 2.коло загуби од Французинот Лоран Локоли. Двата сета Локоли ги доби со 6:4 и 6:3 во гемови, а мечот траеше 108 минути.

Локоли имаше по еден брејк повеќе од Јотовски во секој сет што на крајот беше решавачко.
Нашиот тенсиер ќе освои еден поен, а во следниот период ќе се подготвува за настап на фјучрс турнирите кои од 20.јуни ќе стартуваат во Скопје.