Тенис
26. March 2018 - 9:44

Јотовски финалист во двојки на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски денеска ќе игра во финалето на фјучрсот во Тунис во конкуренција на двојки. Тој и Дује Кекез од Хрватска ќе играат против првите носители Диего Идалго (Еквадор) и Мариано Кестелбом (Аргентина).

Јотовски и Кекез вчера играа во полуфиналето против ден Довсон (Велика Британија) и Ориол Рока Батаља (Шпанија) и мечот беше прекинат поради дожд при водство на Јотовски и Кекез од 1-0 во сетови (6:1 во гемови) и 5:5 во гемови во вториот сет. Ривалите потоа го предадоа мечот.
Јотовски во својата кариера има освоено шест титули во конкуренција на двојки, а ова е негово прво финале во 2018 година.
На денеска објавената АТП ранг листа во сингл Јотовски има скок од 11 места и се наоѓа на 536.место - 59 поени, додека во конкуренција на двојки е рангиран на 1.013 место со 28 поени.