Тенис
29. July 2016 - 7:17

Јотовски елиминиран во двете конкуренции на фјучрсот во Сомбор

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Сомбор откако вчера ги загуби мечевите во двете конкуренции. Во сингл загуби од Унгарецот Виктор Филипенко со 2-0 во сетови (7:5 и 6:1) и ќе освои еден поен додека во игра на двојки со Страхиња Ракиќ од Србија загубија од хрватските тенисери Домагој Биљешко и Борна со 2-0 (6:3 и 6:1). За пласманот во полуфиналето ќе освои шест поени.

Јотовски за следната недела беше пријавен на фјучрс во Грузија, но го откажа настапот.