-->
-->
Јошко Миленкоски ќе биде селектор на Турција
-->
Најдобриот македонски одбојкарски тренер и поранешен селектор на Македонија, Јошко Миленкоски ќе биде назначен за нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Турција.
Искусниот македонски стратег Миленковски во вторник (3 јануари 2017 година) и официјално ќе биде промовиран како нов предводник на оваа репрезентација.
Одличните резултати кои Миленковски ги постигна со екипата на Мали Мили Пјанго беа повеќе од доволна препорака турската федерацијата му ја укаже довербата да ја предводи машката селекција на оваа земја.
Миленковски ќе има богата агенда претстојново лето со турската репрезентација која ја очекува настап во квалификациите за Светското првенство и во Светската лига, како и настап на Европскиот шампионат.
„Претставува огромна чест за мене да водам една репрезентација како Турција, на чие чело би сакал да биде секој тренер. Постоеше и претходно интерес и најава дека би се нашол на оваа функција, но тогаш беше понудено да бидам само селектор, што за мене беше неприфатливо, бидејќи сакав да го водам клубот Мали Мили Пјанго. Од тогаш некои работи се сменија и сега федерацијата го прифати тој услов и не постоеше причина поради која не би се остварила соработката. Не чека напорна година, во мај имаме квалификации за Светско првенство, потоа цело лето настапи во Светската лига. Круната на годината ќе биде Европското првенство во Полска", изјави Миленкоски.
Миленковски веќе шест години работи во Турција, а со назначувањето на селекторската функција, неговата биографија во која е и националното признание „Спортски амбасадор на Република Македонија“, ќе биде дополнително збогатена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина
-
„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот
-
Почна маршот за настраданите во Кочани
-
Забрана за вршење на било какви операции со дронови на територијата на град Скопје
-
Дисциплинска постапка за полициското лице чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот
-
Здравствен работник обвинет за убиство на девет пациенти во Германија