Јошка Фишер: Стабилизирање на еврозоната за да се ублажи ураганот Брекзит

Европската унија ќе ја преживее бурата Брекзит, но би требало да се стабилизира еврозоната, изјави поранешниот германски министер за надворешни работи и заменик-канцелар Јошка Фишер во интервју за порталот EurActiv.com, додавајќи дека Франција и Германија треба да ги предводат промените.
Според Фишер, кој беше министер за надворешни работи и заменик-канцелар на Германија од 1998 до 2005 година, Брекзитот за Велика Британија е ураган, а за ЕУ е бура.
- ЕУ ќе ја преживее таа бура, но на Британија не и се насмевнува блескава перспектива, смета тој.
Тој нагласи дека од самиот почеток верувал оти референдумот е лоша идеја.
- Го критикував Камерон во 2013 година кажувајќи му дека покрена процес, кој долгорочно нема да може да се контролира. Сега го гледаме исходот, рече Фишер.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
