ЈОРМ со кривична пријава и барање за притвор за поранешниот директор на Централниот регистар
-Во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, првоосомничениот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, со пречекорување на границите на своето службено овластување, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата, стои во соопштението.
Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, пак, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, се посочува, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за првоосомниченото лице, додека за тројца од останатите осомничени ќе биде побарано определување мерки на претпазливост со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка, стои во соопштението од ЈОРМ
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија