Јоргос Катругалос: Русија не е закана за Балканот

Грција не ја смета Русија за непријателска сила и не гледа никаква закана од Москва за Балканот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
- Се обидуваме да бидеме сила за стабилизација на Балканот, Како што кажав и претходно, ќе водиме повеќедимензионална политика. Не сметаме дека Русија е непријателска сила, Русија ја гледаме како пријател и сакаме да ги подбриме нашите односи, изјави Катругалос.
Ваквата изјава на Катругалос, дадена во Санкт Петербург каде учествуваше на Петербуршкиот меѓународен економски форум, претставува реакција на оценката на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Русија претставува дестабилизирачки фактор на Балканот.
Помпео во четвртокот пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат изјави дека Русија се обидува агресивно да ја зајакне својата позиција на Балканот и дека Администрацијата на САД ќе се спротивстави на тоа.
- Руската закана продолжува агресивно да го зајакнува своето влијание на Балканот. Тоа е реално и мораме да се бориме против тоа, рече Помпео.
Ново на Сител
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
-

Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации
