Јолевски на Состанок на Северно атлантскиот совет
Интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ претставува врвен надворешно-политички приоритет за македонската Влада. Министерство за одбрана и Армијата на Република Македонија континуирано работат на унапредување на националните одбранбени капацитети и способности. Ние цврсто и одлучно ќе продолжиме да го даваме својот придонес во промоција на заедничките цивилизациски и демократски вредности" истакна министерот Јолевски на Состанокот на Северно атлантскиот совет посветен на Извештајот за прогресот на Република Македонија во МАП процесот во седиштето на НАТО во Брисел.
- Заедно со министерот за надворешни работи, Никола Поповски говореа за постигнатите резултати, како на политички и на економски план, така и за достигнувањата во одбранбениот реформски процес, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.
Министерот Јолевски во обраќањето пред амбасадорите на земјите членки на НАТО на кое присуствувал и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додал дека успешното водење на акцискиот план придонело за значаен напредок во спроведувањето на одбранбените реформи, одбранбени капацитети и способности, зголемен придонес во меѓународните операции, како и унапредување на меѓународната одбранбена соработка.
Амбасадорите на земјите членки на НАТО на денешниот состанок го поздравиле напредокот во Извештајот и особено го истакнале придонесот на Република Македонија во зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Воедно од страна на амбасадорите дополнително бил поздравен и напредокот на политичката состојба во Македонија согласно договорот од јуни и дополнително ги истакнале напорите на нашата земја во поглед на мигрантската криза која сериозно и се заканува на Европа.
Во рамки на денешната посета на НАТО, министрите Јолевски и Поповски имале заедничка средба и со генералниот секретар Јенс Столтенберг, на која биле истакнати аргументите зошто Македонија треба што поскоро да стане дел од Алијансата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата