Јоковиќ: ДПС никогаш нема да се врати на власт, а СНП нема да гласа за смена на Абазовиќ
– ДПС никогаш нема да се врати на власт. Враќањето на ДПС на голема врата, како што некои велат, мислам дека е пореално враќање на Сојузот на комунистите на власт во Црна Гора, бидејќи направија многу добри работи и не грабаа. Затоа враќањето на ДПС на власт е невозможно, а стравот на граѓаните дека тоа ќе се случи е непотребен“, изјави лидерот на СНП Владимир Јоковиќ за ТВ Адриа.
Тој додаде дека СНП никогаш нема да формира влада со ДПС, наведувајќи дека партијата чиј лидер е тој ќе направи се за доброто на Црна Гора и дека ќе дојде до помирување.
Јоковиќ апелираше за договор во актуелното парламентарно мнозинство плус малцинската партија.
– Многу е важно ДПС целосно да се обезвласти и да започне процесот на помирување во Црна Гора, со цел да стане општество на еднакви можности за сите, рече Јоковиќ.
Лидерот на СНП повтори дека премиерот Здравко Кривокапиќ одамна требало да поднесе оставка.
– Кривокапиќ требаше да поднесе оставка веднаш штом му беше ускратена поддршката од еден конституент на парламентарното мнозинство. Се друго е нерегуларна ситуација и нешто што не е типично за демократските држави, рече Јоковиќ.
Според него, и експертската влада се покажала како неуспешен експеримент.
Јоковиќ рече и дека СНП нема да ја поддржи иницијативата во Парламентот за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ.
– Нема да гласаме за недоверба на Абазовиќ. Прво требаше да се провери довербата на Владата, а потоа се останато, истакна Јоковиќ.
Ново на Сител
-
И оваа година Македонија ќе биде дел од саемот Винска визија на Отворен Балкан
-
Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца
-
Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку едно лице загина
-
Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај
-
Шпанската Ла Лига ќе му помогне на Црвениот крст во собирање помош за погодените од поплавите
-
Извештај на ЕК: Здравството во Северна Македонија еден од најголемите корисници на буџетот - инспекциските служби ранливи на корупција
-
Македонија и Бугарија се договорија - Со заеднички проект ќе ја градат железницата
-
СДСМ: Уште едно погазено ветување - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект