-->
-->
Јокиќ останува уште надвор од теренот
-->

Играчот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ќе мора да почека со своето враќање на теренот. Јокиќ веќе пропушти седум натпревари, а според американските аналитичари почетокот на февруари е можниот термин за враќање на трикратниот МВП играч.
-Никола Јокиќ и Кем Џонсон и двајцата имаат проблеми со повреди на колената, истакна Марк Стејн.
Јокиќ се повреди кон крајот на декември го повреди коленото и првичните процени беа дека ќе отсуствува околу четири недели. Ако не се врати на терен во месец јануари Јокиќ ќе прескокне 11 натпревари што значи дека нема да има 65 натпревари колку се потребни за да биде во конкуренција за МВП наградата на крајот од сезоната.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
