-->
-->
Јилдирим оствари средба со Матис
-->
Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска во Лондон се сретна со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.
Средбата се случи во чувствителен момент за билатералите односи, неколку денови откако беше објавено дека претседателот на САД Доналд Трамп потпиша одлука за достава на тешко вооружување на сириската курдска организација Сили за заштита на народот, што Анкара ја смета за терористичка организација.
Средбата зад затворени врати, се одржа во зградата Ланкастер хаус, што се наоѓа во близина на Бакингемската палата, и е во сопственост на британското Министерство за надворешни работи.
Разговорот траел околу половина час, јави Анадолија, повикувајќи се на анонимни извори од кабинетот на премиерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет