Јеремиќ: Вучиќ нудеше размена на територии
- Вук Јеремиќ на седница на неговата Народна паритја изјави дека Александар Вучиќ нудел размена на територии, но бил одбиен од меѓународната заедница, која не му „понудила“ ништо друго освен да потпише правно обврзувачки договор со кој Косово би се внело во Обединети нации.
Тој ги отфрли критиките упатени од српскиот претседател дека „клучните грешки за Косово се направени пред 10 години“, констатирајќи дека најголемите грешки се направени 1998 и 1999 година, кога поради „тогашната политика на сегашната власт“ уследило бомбардирањето на НАТО и повлекувањето на српската држава од Косово“.
Јеремиќ додаде дека Белград има исполнето се од Бриселскиот договор, а за возврат не доби ништо, туку „само ветувања за една доста слаба асоцојација - Заедницата на српски општини, а која дури ни таа не е спроведена“.
- По поразот на дипломатијата на Брисел, доаѓаме до ситуација да го предадеме единственото - столче на Косово во ОН. И сега на Србија и е ставена тоа на преговарачка маса преку договорот за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, истакна Јеремиќ.
Тој тврди дека во Србија се случува „спој на државниот и организираниот криминал“ и дека сето тоа започнало во северно Косово „каде што е суспендирана државата и заменета со организираниот криминал“.
- Криминалците кои ја заменија државата во северно Косово почнаа да функционираат и во другите делови на Србија, констатираше Јеремиќ.
Во реакцијата на ваквите ставови на лидерот на Народна партија реагираше владејачката Српска напредна партија и нејзиниот потпретседател Миленко Јованов, кој Јеремиќ го нарече „морално џуџџе, кој трошеше милиони евра на луксузни патувања и кој беше клучен актер во сите порази, што Србија ги има доживеано во врска со Косово“.
На темата Косово, но и за реконструкција на српската Влада денеска како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ имаше повеќечасовни разговори и консултации со премиерката Ана Брнабиќ, а Кабинетот на српскиот претседател не издаде соопштение за детали од разговорите.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
