Балкан
2. јуни 2019 - 8:37

Јенс Столтенберг во посета на Албанија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе допатува во Тирана, само неколку часа пред најавениот седми по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција.

Предвидено е Столтенберг да оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама и со шефот на државата Илир Мета, по што ќе отпатува за Скопје.

Според најавите, во фокусот на разговорите ќе биде регионалната безбедност, но и актуелната политичка состојба во Албанија, која годИнава одбележува 10 години од членството во НАТО.

Како што јави дописничката на МИА, посетата на генералниот секретар на НАТО доаѓа во време кога политичката клима во Албанија е напната, при што партиите го замрзнаа дијалогот и наместо тоа меѓусебно се критикуваат и напаѓаат.