Јеменскиот претседател Хади и бутовниците Хуси се согласија за еднонеделно примирје
Меѓународно признатата Влада на Јемен и шиитските бунтовници Хуси, кои од септември минатата година ја контролираат престолнината Сана, вчера се согласија на прекин на огнот што ќе почне да важи од вечер на полноќ.
Договоорт за примирје е постигнат во предвечерието на директните мировни преговори во Женева, информираат британските меидуми.
Информацијата е потврдена и од двете страни, јавуваат американските медиуми.
Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, вечер, на командантите на своите единици ќе им нареди, на пет минути пред полноќ, да ги запрат сите борбени дејствија, изјави претставник на Владата кој побарал анонимност.
-Ние го прифативме прекинот на огнот за да го олесниме страдањето на нашиот народ и да му доставиме хуманитарна помош, изјави вчера Мохамед Абдел Салам, портпаролот на шиитските бунтовници Хуси, на прес конференција во Сана.
Хусите и војниците лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех војуваат против јужните сепаратистички, локални и племенски милиции, сунитски исламисти и поддржувачи на Хади.
Меѓународно признатата Влада одамна сака безусловна примена на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која од бунтовниците бара да ги напуштат сите региони кои ги контролираат, и да го предадат оружјето што го стекнале за време на месеците судири.
Абдел Салам изјави дека, на преговорите во Женева, кои почнуваат утре, делегацијата на Хусите ќе ја разгледа резолуцијата. Хусите засега не соотија дали ќе ги прифатат овие услови.
Во граѓанската војна во Јемен досега загинаа приближно 6.000 лица, потсетуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи