Џет-Сет
3. April 2016 - 19:48

Јелена почна да пее на 13 години поради таткото, Цеца ја сметаше за своја наследничка

Целиот регион е потресен од веста за убситвото на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ која е убиена на брутален начин. Таа денеска попладне е пронајдена мртва во канал покрај насипот Црвенка во Борча/

Јелена музичката кариера ја почна на свои 13 години. Албумот со кој привлече внимание на себе е издаден во 2002 година за Гранд Продукција. Токму кога требаше да гради успешна кариера, таа се повлече поради смртта на таткото за кого била врзана.

-Тоа мене тотално ме дотолчи и ме уби. Потоа немав сила да продолжам. Тој ја водеше мојата кариера и беше моја сила. Никој не смееше со прст да ме допре. Кога тој замина се се угаси. Сега кога се вратив на сцена, чувствувам дека и мојот татко е среќен, каде и да е, рече Јелена во 2014 година во интервју за ТВ Бест.

Јелена тогаш исто така изјави дека во најтешките моменти покрај неа била Нада Топчагиќ, која ја нарече музичка мајка.Имала и поддршка од Цеца Ражнатовиќ, а за Јелена говореа дека е нејзина наследничка поради сличната боја на гласот.

Беше мажена за композиторот и аранжер Зоран Марјанович, а нејзините пријатели наведоа дека Јелена била поинаква од останатите јавни личности, приземна и свртена кон семејството.

Foto: Printskrin

Да потсетиме, пејачката Јелена исчезна вчера околу 15 часот кај дивата населба Црвенка. Претходно 32-годишната пејачка била со сопругот и ќеркичката по што заминала да трча и не се вратила. Целото семејство и пријателите околу 16 часот тргнале во потрага по неа, а полицијата ангажираше дополнителни сили во потрагата по неа.