Јелена Карлеуша ги фасцинираше Турците, конечно ќе сними дует со нивната мега ѕвезда
Освен што снима песна со турската ѕвезда Синан Акчил, Јелена доби и понуда до крајот на годината да избере датум кој и одговара за концерт во Истанбул.
Јелена Карлеуша ги фасцинираше Турците. Таа неодамна престојот во Истанбул го искористила за да преговара за прв солистички концерт во таа земја и за новиот дует со тутската ѕвезда Синан Акчил.
-Штом се дозна дека Јелена дојде во Турција, челниците на арената „Синан Ердем“ контактираа со нејзиниот менаџер и побараа состанок. Понудено е до крајот на годината да изберат термин за солистички концерт. Нејзиниот тим уште размислува за датумот, ама тоа најверојатно ќе биде во ноември, вели извор близок до Карлеуша.
Освен преговорите за големиот концерт во Истанбул, ЈК имала и состанок со турскиот пејач Синан Акчил.
-Тие двајцата подготвуаат дует кој ќе биде тотален бум. Синан е еден од најголемтие ѕвезди во Турција, а тој и е познат на јавнсота и како автор на песната „Дум Тек Тек’ со која Хадиџе освои четврто место на Евровизија 2009. Дуетот на ЈК и Синан ќе биде готов до октормври, а новата песна потоа ќе ја изведат на концерт. Јелена ги почна подготовките, снима песни за новиот албум, а во план е и концерт на Ушќе во Белград во јуни следната година, а потоа и голема балканска турнеја во Сараево, Скопје, Софија, Словенија и Загреб, тврди извор.
Ѕвезда во турските медиуми
Добро е познато дека Јелена Карлеуша во Турција го следат секој нејзин чекор турските таблоиди.
Популарната пејачка и сама се пофали на социјалните мрежи со напис во еден од турските дневни весници, во кои таа е главна ѕвезда.
-Снашка зад кормилото. Сопругата на српскиот фудбалер Душко Тошиќ кој игра за Бешикташ крстари по Босфор, Секси пејачката го зеде воланот во секси издание и вози јахта. Сликата пука од сексепил, стои под фотографијата на која ЈК вози јахта.
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР