„Јажето, луѓе!“: Манекенка загина при банџи скок во Бразил, инструктори го заборавиле безбедносното јаже | ВИДЕО
21-годишната бразилска манекенка Марија Едуарда Родригес де Фреитас трагично го загуби животот при банџи скок од мост висок околу 40 метри во сојузната држава Сао Паоло.
Несреќата се случила на мостот „Понте до Ескелето“ („Мост на коските“), каде според истрагата инструкторите ја турнале девојката без безбедносното јаже да биде прикачено на нејзиниот појас. На вознемирувачка снимка, која брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како младата жена скока од мостот, а присутните во паника викаат дека јажето не е прицврстено.
Според полицијата, дебелото безбедносно јаже останало на земја покрај платформата за скокање и никој не забележал дека не е поврзано со опремата на жртвата. Сведоци тврдат дека пред скокот не била извршена задолжителната безбедносна проверка.
Само неколку часа пред трагедијата, Марија Едуарда објавила фотографии од местото на настанот, шегувајќи се на социјалните мрежи: „Кој беше лудакот што ме убеди да скокнам од мост?“
Локалните медиуми јавуваат дека шест лица биле приведени по несреќата, а две од нив наводно се обиделе да избегаат. Полицијата соопштила дека лицата кои го организирале скокот не припаѓале на официјална компанија за банџи скокање, туку на неформална група.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
