Бизнис
7. January 2023 - 16:38

Јавноста очекува исполнување на ветеното намалување на цените

Владата уште ја утврдува листата луксузни производи кои во новата година требаше да се продаваат со зголемен данок. 

Драфт верзијата на прехранбените продукти, кои според власта, не може секој да си ги дозволи , наместо со 5 од овој месец беше најавено дека ќе се даночат со 10 отсто.

Над 3.000 основни производи во моментов имаат повластена даночна стапка. Но меѓу нив и продукти како ги купуваат само граѓаните со подлабок џеб, како перки од ајкула, тартуфи, луксузни кашкавали, сирења, зачини, пршути, но и бадемово и кокосово млеко, спрецијални видови морски риби и некои тропски овошја. 

Исто така, власта по Нова Година најави намалување на ДДВ-то од 18 на 5% кај влошките за менструална хигиена. Но, поевтинување се уште нема. Откако ќе се донесат, законските измени ќе треба да се изгласаат во Собранието, а потоа трговците во маркетите да си ги баждарат фискалните каси.

Според поранешната директорка на УЈП, тоа ќе биде товар за фирмите, но не толку голем колку поскапувањето на прозивдоите кои ќе го добијат граѓаните. 

Граѓаните овој месец го чекаат и поевтинувањето на дел од основните производи, чии производители добија субвенционирана струја за да ги намалат цените. Според најавите, процентот на поевтинување би се движел од 10, а до 13 отсто.