Македонија
27. January 2023 - 12:23

Јавните претпријатија со преполовени сметки за струја

Првиот месец на регулираниот пазар за набавка на електрична енергија им донесе огромен бенефит на јавните комунални претпријатија. За месец декември 2022-ра, на штипското ЈП „Исар“ му доспеа половична сметка за струја во однос на претходниот месец, односно, има заштеда од 1, 4 милиони денари.

  • 886 000 денари е од регулиран пазар, за електричните броила кои учествуваат во производство и дистрибуција на вода и имаме 553 000 денари кои се од слободен пазар за останатите објекти на ЈП „Исар“ –изјави Трајан Коцев, вд. директор на ЈП „Исар“-Штип.

Заштедените средства претпријатието ќе ги искористи за враќање на долговите од претходната година, кога струја се купуваше по берзански цени на отворениот пазар, кои варираа од 15 до 40 денари за потрошен киловат час.

  • Овие 1,4 милион денари, ние ќе ги пренаосчиме за исплаќање на наталожените обврски кои се јавија во 2022-рата година со енергетската криза, затоа што во минатата година имавме исклучително високи сметки за електрична енергија- додаде Коцев

Само во првите 3 месеци лани, додека градот Штип се снабдуваше со вода за пиење од бунарскиот систем, на јавното претпријатие му доспеаа сметки во висина од по 19 милиони денари. Со приклучување кон хидросистемот „Злетовица“ сметките за струја се преполовија, но сепак беа високи и го доведоа во прашање рентабилното финансиско работење.