Бизнис
11. November 2019 - 16:47

Јавните набавки станале потранспарентни но има и институции со полоши оценки

Се подобрува транспарентноста, ама недовербата во начинот на кој се трошат јавните пари останува иста. Последното истражување на Центарот за граѓански коминикации покажува дека транспаретноста на инситуциите при јавните набавки се подобрила во 2018 споредено и со 2017 и со 2016. Од вкупно 31 критериум по кој се оценувани институциите, исполнувањето во просек изнеусва 55%. Подобрувањето генерално се однесува на транспарентноста на јавните набавки, отчетноста и интегиретот се на исто ниво.

Најлоши резултати во анализата покажува Министертсвто за здравство. Од вкупно 124 милиони евра потрошени лани, 39 ги потрошило оваа институција, а нивото на транспарентност таму е најниско. Најдобри резултати пак има министерствто за економија.

Вистински напредок инстиутциите покажале во објавувањето на плановите за јавните набавки. 86% од институциите тоа го прават на веб страниците. Она што фали се резултатите од тендерите.

За да се зголеми довербата на јавноста дека парите се трошат правилно потребно институциите да водат сметка на тендерите да има повеќе понудувачи, да не склучуваат анкеси на договорите, да нема дискриминаторски одредби кои ги ограничуваат фирмите да конкурираат, да се намали бројот на поништени тендери, да нема преговарање во четири очи и преговарање без оглас и да се води сметка постапките да течат чисто за да има што помалку жалби на тендерските постапки.