Македонија
23. April 2021 - 10:52

Јавниот превоз во Скопје викендов до 20 часот

 Во текот на претстојниот викенд, 23 и 24 април, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Режимот на јавен превоз е согласно одлуката на Влада, за продолжување на забраната на движење на населението во период од 20 до 5 часот.

Утре нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и приградските линии 54, 55А и 65Б.

Во недела нема да сообраќаат градските линии 41А, 42, 43 и 73 и приградските линии 54, 55а, 64 а, 65Б, 118, 167 и 180.

Сите билетарници и центри за персонализација утре ќе работат од 7 до 18:30 часот.

Во недела, центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 18:30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во
Ѓорче Петров ќе работи до 13 часот.

Од ЈСП Скопје информираат дека распоредот со последните термини на поаѓање на градските и приградските линии пред 20 часот, е достапен нивната веб-страница.