Јавниот превоз во Скопје од утре во две смени – од 5 до 9 и од 13 до 19 часот

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.
Од ЈСП Скопје информираат дека автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар.
За услугите на ЈСП Скопје може да се плати и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа.
Двосменскиот режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важат сѐ до новите препораки на надлежните институции, велат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
