Јавниот превоз не поскапува, Билетот за едно возење е нова услуга

Јавниот превоз на поскапува, не поскапува ниту една услуга на ЈСП Скопје, соопштија денеска од ЈСП во врска со донесената одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје (билет за едно возење).
Од ЈСП Скопје посочуваат дека и натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.
– Билетот за едно возење е нова услуга, нов продукт кој треба од 1 ноември да биде имплементиран во постоечкиот систем за електронска наплата. Билетот ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори, појаснуваат од ЈСП Скопје.
Билетот ќе може да се купи во автобусите (кај возачот, и во возилата на ЈСП и кај приватните превозници), како и во билетарниците на ЈСП Скопје и секундарната продажна мрежа (маркети, трафики, тобака и слично).
Убедени сме, велат од ЈСП Скопје, дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз ( „Скопска“, мобилен телефон).
Целата постапка, стои во соопштението, ЈСП Скопје ја изведува на законски и транспарентен начин, а во секое време сме достапни и отворени до медиумите за било какви прашања и појаснувања со цел да се избегнат дилемите околу користењето на јавниот превоз од страна на илјадници граѓани.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
