Јавната седница во Врховен суд за „Монструм“ одложена за 3 октомври

Јавната седница за случајот „Монструм“ што требаше да се одржи денеска во Врховниот суд е одложена за 3 октомври, поради тоа што полицијата не донела еден од петмината осудени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Поради ова и другите четворица осудени биле известени дека нема услови за да се одржи јавната седница.
Според адвокатот на обвинетите Насер Рауфи, Специјалното јавно обвинителство треба да го преземе предметот за да се дознае вистината.
- СЈО има компетенции и треба да го преземе овој случај, затоа што само на тој начин ќе се дојде до вистината за овој предмет, изјави Рауфи.
Врховните судии на јавна седница треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд. Седницата досега беше неколку пати одложувана.
Во случајот пред Врховниот суд постапува обвинителката Лилјана Спасовска, која неодамна беше назначена за вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски.
Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кое се случи на 12 април 2012 година
Ново на Сител
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
-

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование
